Не му истекла забраната за влез во Грција

Ташко Јованов, претседател на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин уште две години има забрана за влез во Грција.



Тој имал забрана од 7 години за влез во Грција за која верувал дека му е истечена, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.

„Во Грција сега се спави Божиќ и си викам ај сега по договорот имаме пријателски односи, Северна Макеоднија, да отпатувам и јас. И ме повикаа кога ги собраа пасошите и ми ставија печат и ми рекоаа „ти не може“ и ми рекоа уште две години и неколку месеци“ рече тој во вестите на Сител.

Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин се јавуваше како донатор на споменици во центарот на Скопје.