Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во „Монструм” и еден од организаторите на денешниот протест пред Влада, беше спречен да одговори на новинарско прашање на македонски јазик.



Тој започна да зборува македонски јазик, но ведна веднаш беше грубо прекинат од семејствата на осудените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро кои инсистираа да говори на албански јазик.

По настанатиот револт кај демонстрантите Ајдари му одговори на новинарот на албански јазик по што следуваше голем аплауз од нивна страна.

Тој, на албански, рече дека целта на денешниот протест била да се укаже на тоа дека правосудниот систем е неправеден и дека е со двојни стандарди.