Бизнисменот Орце Камчев нема да добие нов времен пасош,
И покрај понудената гаранција од два милиони евра, Крвивичен суд не дава согласност да му се издаде времен пасош на бизнисменот Јордан Камчев.
„Заради интерес на медиумите околу барањето за издавање пасош со ограничен рок на важење за Ј.К. и Ц.П. опфатени во предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека и Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање“, соопштија од Кривичен.
Камчев е еден од осомничените во истрагата за случајот „Империја“, која ја отвори СЈО.





