Иницијативниот одбор на пензионерското движење “Тука сме’’ за вторник повикува на протест на кој ќе се побара промена на досегашниот принцип на “игра’’ во пензионерските здруженија.
Едно од барањата е раздвојување или укинување на членарината како наметната законска давачка, префлање во законски стекнато право, напуштање на плаќање на двете давачки во фиксни износи и премин кон пропорционален систем на плаќање во одреден процент од износот на пензијата.
На овој начин оние со повисоки пензии би плаќале повисоки износи и би имало примена на ниски или повисоки лични ослободување при плаќањето на едната или двете давачки.
„Пример за генерациска несолидарност е токму придонесот за Солидарниот фонд и членарината. Плаќањето на овие две давачки во фиксен износ, во ист износ и за малите и и за најголемите пензии е пример за отсуство на генерациска солидарност’’, изјави за Локално, Ристо Волчевски, член на „Тука сме“, за порталот „Локално“
Тие ќе побараат и промена на начинот на изборите во пензионерските здруженија, а основно ќе биде ограничувањето на мандатот на нивните претседатели.
„Кој во светот останува на една позиција цели 28 години?
Имаме Правилник за песни, музика и игри, Правилник за спорт, Правилник за арбитража …но Правилник за избори нема, нема ниту како се вршаат изборите во работните тела на Сојузот“, забележува Мирјана Русевска од иницијативниот одбор на пензионерското движење „Тука сме“.






