Министерот за здравство од СДСМ Венко Филипче јавно се судри со пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој негодува што наместо со „Фајзер“ се вакцинирал со руската вакцина „Спутник Ве“.
„Пратениците не може да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат. Тие се вакцинираат на ист начин како сите и со достапните вакцини во моментот и согласно планот за имунизација. Очекувам тие преку личен пример да покажат доверба во сите вакцини кои се целосно безбедни и ефикасни, напиша Филипче откако претходно Трајанов го обвини дека под притосок на јавноста на пратениците им биле дадени Спутник иако планот бил да добијат Фајзер.
Повеќе
Ова е втора кавга за два дена во коалицијата на власт предводена од СДСМ откако вчера шеф на инспекцијата се судри со премиерот Заев.
ФБ реакции: Само со луѓе како Пауновски ќе ни ја биде државава






