„Било кој обид, во време на негирањето на македонската државност, јазик и култура од страна на некои земји од соседството, со можноста да се воведе и второ државјанство за кандидатите за амбасадори сериозно се уриваваат темелите на македонската држава што ќе има долготрајни негативни последици“ реагира Советот на амбасадори по информацијата дека мала група пратеници предлага измени со кои лица со двојно државјанство да станат амбасадори.



Од Советот на амбасадори потсетуваат дека до сега биле испраќани македонски амбасадори кои имале и друго државјанство, но , тие се откажале од странското државјанство.

„Оваа позитивна пракса покажува дека некои нови кандидати за оваа највисока фунција во дипломатијата не сакаат да се откажат од државјанство на земји членки на Унијата а сепак сакаат да станат македонски амбасадори. Тоа се очебијно мотивите на овој предлог за измени во Законот за надворешни работи во делот на државјанството, а барањето да оди по скратена постака е само потврда тоа да се стори најбрз можен начин“, наведуваат од Советот на амбасадори. во соопштението  амбасадоридржавјанствасовет