Не можат 36 пожарникари во смена да обезбедуваат 23 средни училишта

„Доколку пожарникари обезбедуваат училишта, не може да се оствари брза интервенција на Противпожарната бригада (ППБ) на Градот Скопје.



Со тоа ќе се загрози безбедноста на граѓаните од пожари, поплави и други евентуални непогоди каде пожарникарите имаат законски овластувања да постапуваат и реагираат, вели професор д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност одбрана и мир при Филозофскиот факултет за идејата пожарникари да ги обезбедуваат средните училишта во Скопје.

Секое ангажирање на Противпожарната бригада на Град Скопје на задачи надвор од законот и нејзината надлежност го доведува во опасност главниот град на државата и ќе ја загрози основната заштита од пожари.

Професорот прашува “согласно кој закон тие имаат надлежност да обезбедуваат објекти, имоти и лица, а најмалку пак ученици и како ќе користат методи, опрема и други средства за обезбедување кога за тоа немаат законски овластувања“?

„Градот Скопје има 23 средни училишта, а во смена во ППБ на град Скопје се 36 пожарникари, односно вкупниот ППБ на Град Скопје вкупно брои 192 припадници.

Секое механичко играње со бројки и нивно прераспоредувале на нови задачи може да го доведе во прашање основното функционирање на градот во заштитата од пожари“, смета Ѓуровски.