Не ја есапат ни „Преспа“: Џафери во Атина со акредитација според која е од „Скопје“

За некои институции во Грција, па дури и за меѓународни со привремено седиште таму, не важи ни Преспанскиот договор, според кој јужниот сосед го прифати името „Северна Македонија“ за северниот, а во тоа се увери и собранискиот спикер Талат Џафери.



На неговата картичка за акредитација за 9. Пленарна седница на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП) на 1 и 2 јуни во Атина пишува дека Џафери е од – „Скопје“.