Не и е прв пат: Што ни вети пред четири години Фон дер Лајен во Скопје а не испорача

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен беше последната во редицата високи германски државни функционери која ја посети Македонија во септември 2018 година пред референдумот за промена на името.



Нејзините пораки пред референдумот се слични како и сегашните што ги даваат европските претставници: Историска шанса и искористете ја шансата.

Тогаш како германска министерка за одбрана беше длабоко убеденa дека референдумот
ќе успее. И пред четири години Урсула фон дер Лајен од Скопје порачуваше дека Македонија има шанса што не смее да ја испушти.

„Од нашето искуство со повторното обединување можам да ви кажам дека ова е уникатна шанса“, порача тогаш фон дер Лајен.
Таа рече дека е свесна колку е важно името на државата за идентитетот и културата на граѓаните, но референдумот е сепак голема шанса.

„Се надевам дека граѓаните ќе земат активно учество. Дека ќе бидеме заедно во обединета Европа“.

Тогаш актуелната шефица на европската комисија се осврна и на причините за бројните посети на највисоките германски државни функционери во Македонија во изминативе недели, вклучително и канцеларката Ангела Меркел.
„Посетите се јасен сигнал за нашето пријателство и за нашата желба во иднина поблиску да соработуваме во обединета Европа“. Фон дер Лајен потсети и на пораката на Меркел за време на нејзината посета на Скопје дека „историските шанси не доаѓаат секој ден“.

„На 30 септември е важно многу луѓе да излезат и да гласаат. Знам што значи кога луѓето во земјите имаат можност слободно да ја изразат својата волја. Тоа е кралската дисциплина на демократијата, со својот глас да одлучувате за иднината на државата“, рече фон дер Лајен.

Тогашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска која сега ја нема никаде по средбата со фин фер Лајен рече „секој од нас има средба со нашата иднина и со својата одговорност“.

„На Македонија никогаш не и беа наредени картите, секогаш требаше да се мачиме за да го добиеме тоа што го сакаме. Сега или државата влегува во НАТО и ЕУ или сите ќе останеме маргинализирани. Влезот во најмоќните сојузи на денешнината ќе не направи посилни“, рече Шекеринска.

По четири години Фон дер Лајен повторно е во Скопје со пораки за искористување на историски шанси од кои едната не била искористена пред 4 години.