Не го слушавте Прибе, ќе слушате скандали во УБК/АНБ/МВР – пишува Горан Момироски

Македонија на повеќе нивоа глуми држава подготвена за членство во ЕУ пред своите граѓани додека политички и криминални групи целосно го разнебитуваат нејзиниот безбедносен, финансиски, социјален, бизнис и правосуден систем.



Пред и над сите овие аспекти е важен системот на основно индивидуални човекови права кој пречесто е суспендиран.

Во сите овие случаи како заедничка нишка или заеднички содржател постојано се провлекува една институција низ историјата позната како УДБА а сега со различни формати и имиња.

Дека ова не е субјективен став на авторот на овој текст најдобар доказ е извештајот на европскиот експерт Рајнхард Прибе од 2015.

Тогаш европскиот експерт кој предводеше правен конзилиум за макеоснските болести во доменот на владеење на правото јасно укажа на УБК или сега АНБ како еден од главните извори на сите кризи во Македонија.

Тогаш Прибе наведувајќи дека УБК оперира надвор од својот законски мандат и надлежност со намера да воспостави контрола врз трите власти: законодавна, извршна и судска, ни даде шанса да се исправи работата но власта не ја искористи.

Прибе ни објасни дека мешајќи се во водењето на криминалистички истраги УБК ја поткопува работата на обвинителот.

Работењето на УБК/АНБ во целиот период и пред и по Прибе покажува постојана злоупотреба на моќта покажа отсуство на професионална етика, основа за управување со ризици и недостиг на знаење за водење на разузнавачката работа.

Блиските фамилијарно – политички – УБК врски и поврзаноста со ОЈО предизвикуваат кршење на закони, основно човекови права и судир на интереси во постапувањето.

На оваа тема во 2018 во писменото обраќање на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов посочи на злоупотребите кои ги вршела дотогаш УБК:

“Само да потсетам, дека како претседател на Република Македонија уште пред две години укажав дека УБК е главното жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи во Република Македонија. И по три години од дијагнозата на Прибе, болеста не е отстранета. Ако УБК се дрзнува без никакви основи да ги следи активностите на мојот Кабинет и да ме става мене како претседател во службени белешки кои опишуваат непостоечки настани (Тука Иванов зборува за првата скандалозна службена белешка како основа за определување на притворот за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски) се плашам од помислата што сè се случува во оваа институција и како се креираат извештаи со фиктивни извори за да се постигне определена цел. Со планиран истек на калисфицирани податоци се гради лажна перцепција за на крај да се конструира судско-полициски случај. Од друга страна, сакам да потенцирам и дека во изминатиов период сме сведоци на неказнивост по планирано истекување на класифицирани документи од УБК, за што ги повикувам надлежните институции да дејствуваат и санкционираат ваквите појави, кои ја загрозуваат националната безбедност”, напиша пред 3 години Иванов кој важеше за претседател за кој власта на СДСМ/УБК не можеше да најде ниту една црна дамка со цел негов прогон.

Вториот скандал со службената белешка на Орце Камчев покажува дека во 2021 имаме повторно продолжување на злоупотребата на моќта од сега новата служба АНБ.

Истите констатации од 2015 и 2018 на Прибе и Иванов се повторуваат и во 2021 година.

Менталниот склоп на постојани злоупотреби на моќта од УБК владее во новата АНБ која имаше неславен почеток при тотално компромитирана селекција на кадри од старата УБК.

Иако законска обврска, сепак и повеќе од 20 месеци од функционирањето на АНБ, Директорот Виктор Димовски не го спроведува Законот и се уште нема извршено ниту едно полиграфско тестирање и ниту еден тест за професионален интегритет врз вработените на АНБ.

И Собраниската комисија за надзор врз работата на АНБ утврди дека непознат број агенти на АНБ не минале полиграф и тест за интегритет. Токму Expres.mk го констатираше неспроведување на Законот од страна на Директорот Виктор Димовски но очекувано засега никој не презема ништо на оваа тема.

Во однос пак на содржината на службената белешка со кој власта се пресметува со Камчев поради срамот и стравот што им го нанесе со случајот Рекет , професорот Александар Нацев дава свој осврт со забелешки кои прецизираат како АНБ го прави токму тоа што според Прибе не смее да го прави.

https://m.mkd.mk/kolumni/na-anb-beleshkata-e-bez-fakti .

Забележливо е дека изработувачот на службената белешка собрал податоци без претходно утврден прашалник во отсуство на методолошки пристап, нешто што е основа за работа кај разузнавачките агенции.

Тој наместо да состави белешка на точно определен образец каде треба да се податоците – одговори на прашањата зошто, кој, кога, каде, дали, што, со кого, изработил акт врз основа на правниот институт “јавно поговарање” служејќи се и со претпоставки и хипотетички состојби без да наведе ниту еден факт и доказ во своето тврдење.

Дали тие што ја пишувале белешката биле под дејство на тиквешко црно вино или кавадаречка лимонада е помалку важно во оваа ситуација. Најважно е дека тие морале да знаат дека кршат устав, закони и човекови права. И дека се соочуваат со сериозни казни.

Можеме само да претпоставуваме што и денес пишуваат во службените белешки оперативците на АНБ кои како полициски службеници во УБК водеа безбедносни истраги за тероризам, екстремизам, шпионажа и други кривични дела против државата. Само два случаи на УБК/АНБ СО Ел МАСТРИ и Сопот ја чинеа државата огромен меѓународен срам и финансиска оштета. А од нив никој ништо не научил.

Двете афери кои го “закопаа” Оливер Спасовски

Првата афера која му ја скрати кариерата на Спасовски се однесува периодот 2017 – 2019 кога тој формално бил шеф на тајната служба.

Во оваа афера оперативци на УБК со незаконски извадени двојни идентитети, надвор од законскиот мандат продолжиле да работат во странство за потреби на странска разузнавачка служба.

Според достапните јавни податоци, неколку години во мандатот на сите поранешни директори на УБК е водена тајна разузнавачка операција за собирање на податоци со употреба на трејлер – комбе во кое било инсталирана софистицирана опрема за прислушкување на локации во земји членки на НАТО и ЕУ Европа за потребите на трета тајна служба која не дел од евроатланската коалиција.

Незаконската разузнавачка операција е водена надвор од мандатот на УБК со користење на двојни идентитет кои се извадени спротивно на законските прописи и правилата за заштита на сведоци.

Воедно на едниот двоен идентитет е регистрирано и комбето – трејлер во сопственост на МВР со странска опрема.

Овие документи одземени на претресот во домот кај Јовче и Фросина Ременски сега се наоѓаат во доказната постапка во случајот Меѓународен Сојуз.

Судијата која го води случајот ќе мора да ја извести јавноста дали од овие одземени документи и предмети потекнуваат други поголеми кривични дела сторени во УБК и отвори постапка за шпионажа во корист на странска служба и злоупотреба на службена положба против поранешниот директор Горан Николовски и уште тројца вработени во УБК а сега АНБ.

Воедно надлежниот обвинител ќе треба и да го одземе комбето – трејлер заради вештачење, да извади логови од системот за гранични премини за движење на комбето и оперативците со двојни идентитети но и да утврди крајна дестинација и локации кои биле обработувани како и примо – предавањето на пари од странската служба за финансирањето на разузнавачката операција и податоците кои се собрани со трејлерот – комбе.

Втората афера што веќе ја стега јамката околу вратот на Спасовски е во периодот од 2019 – 2021 кога МВР издало 215 двојни идентитет на терористи, нарко босови и меѓународни криминалци.

Спасовски мисли дека со признанија и мали казни за најниските ешалони на овој скандал може да ја забошоти аферата. Но тој најверојатно нема пристап до сите информации кои циркулираат во меѓународните кругови заинтересирани за оваа афера. Кога би знаел што точно се случува Спасовски досега ќе беше дал оставка и дома заедно со неколку добри адвокати го проучуваше Кривичниот законик.

Скандал во скандал за кој знае а молчи државниот врв

За досието “Жолти комбиња” кое од свиркач е испратено до членови на државниот врв и членови на комисијата за надзор врз службите за безбедност во некоја наредна прилика во која ќе мора да се дадат одговор кога за тоа ќе дојде време.

Една од најголемите тајни за овој случај е зошто сите кои што имале пристап до документите се уште не покренале соодветни законски процедури и зошто истите молчат за еден од најголемите скандали во историјата на Македонија.

Во продолжение на оваа долга колумна за тие што ги интересираат сите детали ви доставувам повеќе линкови до медиумски извештаи кои даваат дополнителни информации за скандалот кој Македонија ја става на глобалната мапа на земји на кои не може да им се верува.

31.08.2017 – Изјава на МВР, Спасовски: СЈО ги проверува двојните идентитети и на други оперативци на УБК

https://fokus.mk/spasovski-sjo-gi-proveruva-dvojnite-identiteti-na-grujevski-i-ushte-nekolku-litsa/

26.09.2017 – Изјава на Директор на УБК, Горан Николовски: Ние немаме пракса на двоен идентитет, веројатно се злоупотребени правилата за заштита на сведоците

https://novatv.mk/odlozheno-sudeneto-za-grujevski-nema-izvestuvane-deka-e-vo-begstvo/

09.10.2019 Претрес кај Јовче и Фросина Ременски во врска со истрагата за Меѓународен сојуз, пронајдени класифицирани документи од УБК

https://www.facebook.com/1656105411305285/posts/2752667634982385/?d=n

15.11.2019 ОБВИНИТЕЛСТВО: При претрес во домот на Ременски се пронајдени доверливи документи

https://denesen.mk/obvinitelstvo-pri-pretres-vo-domot-na-remenski-se-pronajdeni-doverlivi-dokumenti/

15.12.2019 Анализа на КОД : Тројца Агенти на УБК со двојни идентитети незаконски работеле во странство за потреби на странска разузнавачка служба

https://time.mk/c/c77619ba6f/agenti-na-ubk-so-dvojni-identiteti-rabotele-za-stranski-sluzbi.html

22.12.2019, Ременски: Некој барајќи глувче, извади мечка

https://republika.mk/vesti/makedonija/remenski-nekoj-barajkji-gluvche-izvadi-mechka/

03.01.2020 Обвинение за помагање за Фросина Ременски

https://novatv.mk/obvinenie-za-remenski-vo-sluchajot-megunaroden-sojuz-pomagala-vo-izmama/

24.01.2020 Виктор Димовски: АНБ ги достави до ОЈО сите побарани информации за доверливите документи пронајдени кај Ременски

https://mia.mk/dimovski-anb-gi-dostavi-do-o-site-pobarani-informacii-za-doverlivite-dokumneti-prona-deni-ka-remenski/