По вчерашниот дебакл на интервјуто на Телма екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше критикуван од многумина но не го оставија сите.
Денеска Спасовски доби поддршка од екс новинарката и советничка во владата Весна Ковачевска.
Поранешната новинарка која во 2017 година се активираше во политиката и имаше функции во СДСМ и владата смета дека Спасовски е пример за посветен професионалец и чесен човек.
,,Кога сите би работеле посветено, професионално и чесно како Оливер Спасовски, оваа држава би била многу подобро место за живеење. Ветриштата кои дуваат, порано или подоцна расчистуваат се’. Па и од каде задувале. Тогаш некои ќе бидат засрамени, а некои, нема ни да разберат. Но, тоа е тоа, живот”, пишува Ковачевска по дебаклот на Спасовски кој по вчерашното интервју отвори простор за други кандидати за претседател на Македонија како Радмила Шекеринска и Миле Зечевиќ.
Поврзана содржина
Седумте рунди по кои беше ,,нокаутиран” Оливер Спасовски (ВИДЕО)
Фото Јавно објавена фотографија на Фејсбук






