Едмонд Адеми одговори на острата не ракција на Владимир Милчин на денешното интервју на министерот без ресор за Радио слободна Европа.
“Жалам што професорот Милчин ја испревртува мојата изјава. Јас никаде не го негирам постоењето на хотелска градба во Лагадин, или пицеријата кај Чинарот, ниту пак нив ги третирам како скали или гаражи.
Напротив велам дека постојат хотелски објекти, куќи и ресторани кои се дивоградби, но постојат и такви дивоградби како гаражи, скали, огради, тераси…итн.
Заштита на Охрид и охридскиот регион е комплексен процес. Дивоградбите се само еден сегмент од тој процес“, напиша Адеми.





