Не Ердоган, друг ги контролира гласовите на БЕСА за уставот

Последните денови повеќе извори преку неформални брифинзи и преку социјалните мрежи направија обид да прикажат дека делот од двимењето БЕСА под контрола на Билал Касами е под силно турско влијание и дека од Анкара доаѓаат сугестии дали да се гласа за уставните измени.



Сепак извори во движењето велат дека Република Турција иако се смета за важен и политуван пријател нема никаква улога во финалната одлука за гласовите на двајцата пратеници на БЕСА.

Одлуката ќе биде донесена од раководството на партијата во координација со високи претставници на Албанската дијаспора во неколку западни земји, велат истите изворите.

Иако меѓу БЕСА на Касами и Албанската дијаспора која ја помага партијата од основањето, имало одредени различни ставови за тоа што треба да се бара од Заев за да ги добие двата гласа за уставните измени, било договорено дури и по цена “Преспанскиот” да пропадне да се оди до крај со барањата со цел “да се остварат интересите на Албанците како државотворен народ во Македонија”.

Вчера Касами изјави дека ако Заев не ги исполни очекувањата нема да ги добие двата гласа на БЕСА.