Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара итна средба со премиерот Ковачевски и неговиот енергетски тим, брифираат попладнево од ВМРО-ДПМНЕ.
Од најголемата македонска партија велат дека ниту една суета, а најмалку таа на Ковачевски е поважна од иднината и благосостојбата на граѓаните во овие сериозни времиња.
,,Не е време за театар ниту задкулисни игри, туку е потребно делување. Затоа претседателот Мицкоски го афирмира барањето за средба со Ковачевски и неговиот тим за надминување на последиците од енергетската и економска криза. Повторуваме, суетата на политичарите од власта не е поважна од судбината на граѓаните”, се вели во партискиот брифинг на ВМРО-ДПМНЕ.
Предходно Мицкоски одби за неговиот план да разговара со Економскиот совет кој го води вицепремиер Фатмир Битиќи со образложение дека тоа тело не донесло ниту една сериозна одлука за економијата која тоне.
Ковачевски пак претходно одби средба со Мицкоски кој се понуди да најде поефтини енергенси за 300 милиони евра со образложение дека бил многу зафатен затоа што работел на решавање на кризата.






