Не е време за премиер Албанец, вели Африм Гаши


„Да создадеме Влада каде што не само Премиерот, туку и целата Влада ќе биде ставена во функција на развојот и реализирање на решавање на проблемите. За несериозни идеи нема да разговараме“ изјави синоќа во гостување на ТВ21 Африм Гаши, лидерот на Алтернатива.



Гаши вели дека не е време за премиер Албанец во Македонија. .

„Али Ахмети им се обраќа на албанските гласачи, на тие што веруваат во таа идеја. Ние сме излезени со друга идеја и нашата програма ги решава проблемите на сите. Секој Албанец ќе се чувствува подобро ако гласа за нас“, смета Гаши.