Во годината со највисока инфлација кога народот се радува на замрзнати цени, а функционерите добија енормно зголемени плати додека вработените чекаат две илјади плус, сојузот на синдикати најави протестен за утре, 1 Мај.
Првомајскиот марш ќе се двива под паролата „Работниците се државата“
„Упатуваме апел до работниците да не празнуваат! Први мај не е ден кој се празнува, туку е денот кога пред 137 години работниците излегле на протест во Чикаго за да добијат 8 часовен работен ден. Тоа е под напад од страна на оваа влада и пратениците во собранието и треба да не обедини сите заедно. Ако не се доволни причини работниците да излезат кога функционерите добиваат 78% покачени плати, укинување на недела неработен ден и воведување 60 часовна работна недела, тогаш што е?“ – Слободан Трендафилов, ССМ
На улица излегува и КСС.
„Лани при покачувањето на минималната плата, на нашите протести излегоа министрите и кажаа да почекаме до септември за да се усогласат платите затоа што имало рок од 6 месеци. Наеднаш во септември прогласија дека тие одредби од законот не важат, но важат нивните одредби за 78% покачување на нивните плати што не е фер…“ вели Благоја Ралповски, КСС, пренесува Сител
Иако имаат исти барања, синдикатите излегуваат во различно време, и на различна локација.
ССМ ќе маршира од 12, КСС ќе почне два часа порано.






