“Не е ваљда Заев луд”: По повикот на СДСМ за спас на Филипче се јави и директорот на МИА Антоновски

По објавените информации дека СДСМ започнува широка акција за давање поддршка на министерот Филипче од страна на активисти, членови и функционери на партијата на власт со свој коментар се јави и екс новинсрот а сегашен директор на Македонската информативната агенција МИА кој е назначен од СДСМ.



Во својот пост Драган Антоновски се обидува да каже дека Филипче не треба да се менува и дека премиерот не е луд да ја прифати оставката.

Тие што барата оставка од морални причини ги нарекува жедни за крв.

Целиот пост на директорот на СДСМ во МИА по линкот од кој се гледа дека директорите беа повикани од партијата да го бранат Филипче.

Венко денеска не смее да падне: Откриена операцијата за спас на министерот со оставката

Како Антоновски го брани Филипче:

Не е ваљда луд Заев да му ја прифати оставката на Венко. Сите би некого да бесат на плоштад и како на гладијаторска претстава да го свртат палецот надолу онака глумејќи компетентност, a всушност се само жедни за крв, не навлегувајќи во суштината дека тоа не е решението. Се исправија и тие одвнатре и однадвор како фронтмени на дворските игри за власт. Суштината е друга- СИСТЕМ, а во него се и власта и опозицијата и народот.

Од „Слушај го Венко“ сега сме на „ НИШТИ го Венко“. Брзо забораваме и одма се пресвичуваме. Тријат раце и конкурентите и опонентите,и си викаат се наместија и Венко и Зајко.Плукај, пукај!Не го заборавија ниту Кочо. Ма нема прошка за успешност во оваа земја.
Немаше болнички кревети, болници уааа, најдоа модуларни-штама, а зошто 30 години немало, само последниот министер е крив-Венко е крив! Пукна Тетово и сега сите станаа стручњаци за градба, па сите се експерти за материјали , за медицински кислород, па форензичари … Тој е министерот, тој е крив.
Венко е крив и што има корона и што немало респиратори, болнички кревети, Брза помош.. па, кога дојдоа респиратори и не знаат да ги користат, пак е до министерот, значи, тој е крив за се што се прави од немање кадри, до портирот што пушта цивили во инфективна да чуваат болни, до тие што ништат вакцини и даваат фалс сертификти, до оние што дремат на ноќни дежурства и се кријат и не им помагаат на болните. Се треба еден министер да реши за еден мандат што 30 години се таложело како проблеми и немарност и израснало, станало правило токму неправилното.
Оставка за Венко, а од утре се ќе биде како што треба, се ќе смени и ќе функционира ако не е Венко министер.
Нема вакцини, луѓето не се вакцинирани-Венко е крив, а кога ќе дојдат вакцини не сакаат да се вакцинираат, ќе ги чипирале, па првата доза било чип, втората пасворт, а третата ваљда рутер, и секако до Венко и Венко е крив,што ќе се заразат по свадби и кафани и така заразени не се пријавуват на матичните лекари за да не седат во карантин, се шетаат и шират корона, пак Венко е крив. Ако некого од власта пуштат преку ред уааа, ако комшкиката ја пуштила пријателката она „се снашла“.
Сепак колку за иднината ,треба да го менуваме системот, а не министрите и владите. Не функционираше системот ниту во времето на Грујо, ниту во времето на Љубчо, Бранко,Заев.
Правеа ли технички приеми на Скопје 2014 или се заборавивме за поплавениот Архив. Прават ли технички приеми за градбите на урбаната мафија и зградите без паркинзи што никнаа во секое паркче, или и за ова Венко е крив.Истите градеа и со Грујо и со Заев. Проверува ли некој како се плаќа за асвалтот што држи колку предизборната кампања.А го прашаа ли Венко дали може да ги разреши директорите на ДУИ, ако Ахмети не им кажеше да се повлечат, мислите дека ќе беа толку морални?
Кого може да разреши министерот ? Па што ако е министер кога партиските газди не даваат да се чепне во нивното трло. Може да наградуваш ама не треба да казнуваш!Малкумина знаат дека во оваа држава не можеш да избркаш неработници. Тука нема ни морал, ни етика, само партија. За нив нема одговорност, туку само плата која на први редовно ја зимаат како заслужни и подобни административци.
Сите би да менуваат ама кај другиот, не и своите навики и привилегии, или она што стана највпечатливо да се борат да ги земат за себе привилегиите на другиот, односно тие да се привилегирани. Овде во нашава држава, всушност, сите сите се борат и сакаат да се битни и привилегирани, и ова баш како во мафијата нема врска ни со религија ни со етничка припадност,ниту со партија – сите имаат големи амбиции а мали капацитетите, но не е битно, сите сакаат да се на власт. Одговорност за министерот мора да има, ама лична за секој од нас не мора. Е тој систем треба да го менуваме. Одговорност како правило за сите, а не само за првиот човек. Така само ќе ги трошиме луѓето, а проблемот ќе остане.Па, така ќе имаме правило во инфективно да не смее цивили да чуваат болни, ама ноќе портртирот ќе ги пушта по наредба на директорот, и нели Венко е крив.
И во таков амбинет кој да прифати да биде министер, ако се чека само како да го извалкате до првиот куршлус кој ќе го произведе нефункциналниот наследен систем.
А како ќе менуваме ако не влезат луѓе кои знаат и може да менуваат, кои сакаат да реформираат.Или најдобро е тие минстерски и директорски места да им се остават само на полуписмените партиски војници кои влегуваат исклучиво за правење профит и пари и не се за градење општество, а нив не ги допира ниту плукање, ниту клеветење пошто нивната кариера е „грабни – укради “што повеќе можеш додека си на власт. Нив ги заболе за оставката на Венко, они се само публика во арената, за и контра и никогаш нема да влезат да играат и да креираат, односно нешто да менуваат и реформираат, тие само ќе критикуваат ,ама затоа силно ќе врескаат лопови, оставка, оставка….
Оставката на Венко не го решава проблемот, одговoрноста на еден никако, на сите , да на сите секако.

Линк до целиот коментар на директорот на СДСМ

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159614918739804&id=687949803