Министерот за спорт на Италија му се налутил на македонскиот репрезентативец поради тоа што ги гушкал соиграчите по постигнувањето на првиот гол на натпреварот Џенова-Милан кој заврши со 2:1.
Таквиот потег на Пандев, според министерот Винченцо Спадафора претставувал лош пример во време кога владее коронавирусот.
„Фудбалот во оваа ситуација и понатаму е лош пример. Денешниот излив на емоции на Пандев и прегрнувањето на неговите соиграчи е најдобриот доказ за тоа – изјавил Спадафора за „Раи“, пренесе „Плусинфо“.






