Британската влада ќе биде домаќин на самит на кој ќе ги поттикне шестте земји под Западен Балкан да се приклучат кон ЕУ заради нивната „безбедност, стабилност и просперитет“, неколку месеци пред Лондон да го потпише договорот за напуштање на Унијата.



Самитот е дел од таканаречениот Берлински процес – серија состаноци насочени кон поддршка на регионот за приклучување во ЕУ и „новата перспектива и поттикнаа процесот на проширување”.

Критичарите велат дека владата на Велика Британија мора да има „смисла за хумор“ кога свикува  конференција каде ќе ги истакне придобивките од пристапувањето, додека Британија се упати кон излезната врата од ЕУ.

Лидерите на земјите кандидати за членство во ЕУ – Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија – ќе присуствуваат, како и оние на Босна и Херцеговина и Косово – две држави кои имаат изразено интерес да се приклучат на блокот, но сеуште не се прифатени како кандидати.

На нив ќе им се придружат претставници на владите на земјите од ЕУ кои имаат интерес во регионот како што се Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Полска, Словенија и Бугарија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи за „Индепендент“ изјави :  „Ние остануваме на ставот дека процесот на пристапување во ЕУ е важен за обезбедување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“ .

Том Брејк, портпарол на Либералдемократите и поддржувач на „брегзит“ кампањата  на ова вели:

„Некој во Министерството за надворешни работи мора да има смисла за хумор со организирањето конференција за промовирање на членството во ЕУ за земјите од Западен Балкан. Токму кога се спремаме да ја напуштиме ЕУ, ќе почнеме да ги советуваме другите да се придружат“ вели Брејк според кој ова наликува на „театар на апсурдот“.

Брејк вели дека  „ова само покажува колку е неспособен Борис“ Џонсон, британскиот министер зџа надворешни работи.