Селекторот на хрватската репрезантација, која вчера со 3:0 ја победи фудбалската репрезентација на Аргентина и, многу извесно, ѝ обезбеди повратен билет за Буенос Ариес, е меѓу „малку“ платените селектори на годинашново Светско првенство.
Според проценки на британски „Мирор“, хрватскиот селектор Златко Далиќ, со годишна плата од околу 550.000 евра, е неспоредливо пониско на табелата од селекторот и колега од Аргентина, кој заработува 1,77 милиони евра на годишно ниво.
Најплатен селектор на Светското првенство во Русија е Јоаким Лев, првиот човек на германската репрезентација, со годишна плата од 3,78 милиони евра.
Бразилскиот и францускиот селектор го делат второто место со годишна плата од 3,45 милиони евра. Со плата од 2,95 милиони евра, на четврто место е шпанскиот селектор.
Со плата од околу 200.000 евра, селекторот на Сенегал, Алоу Сисе, е на дното од листата.





