Не е само Македонија, Маричиќ забранува и користење на АСНОМ

По вчерашните информации кои ги објави порталот мкд.мк дека министерството што го води Бојан Маричиќ забранува користење на зборовите Македонија и Република Македонија денска уште еден шок.



Според правда не смее да се користи и кратенката АСНОМ затоа што асоцира ла на целото име нжво кое се содржи зборот Македонија.

оЛани во октомври здружението на граѓани Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија – АСНОМ, Скопје не добило дозвола за регистрација. Министерството за правда барањето и на ова здружение го оценило како неосновано. Вчера МКД објави дека лани во ноември барањето за регистрација на уште едно такво здружение кое во името го содржи терминот Македонија исто така било одбиено.
Во случајот со здружението АСНОМ Министерството за правда има поинакво образложение зошто негативно било одговорено на барањето за регистрација.

По промената на името, согласно Преспанскиот договор, од Уставот беа избршани одлуките на АСНОМ, а остана само Прогласот на АСНОМ. Со толкувањето на Министерството за правда, сега не се дозволува користење на оваа кратенка во име на здружение на граѓани.

Согласно член 46 (1) зборот Македонија и зборовите изведени од него и неговите кратенки можат да се содржани во името во фирмата само со одобрение од Министерството за правда….

Во образложението од правда се цитираат неколку членови од Законот за трговски друштва кои ги објавува мкд.мк на следниот ЛИНК