Проф.д-р Сашко Јовев, вели дека „не е прифатлива“ изјавата на министерот Фатмир Меџити, кој откако го разреши од директор на Државна кардиохирургија, најави дека ќе го повикал му биде советник.



Д-р Јовев вели дека Меџити воопшто не разговарал со него за да му даде таква понуда, туку за тоа слушнал од медиумите.

„Како и да е, Меџити не разговарал со мене, но понудата е неприфатлива. Прифатливо е само да се промени неговата одлука за мое разрешување“, изјави д-р Јовев за МКД.Мк.

За причините за оставката, Јовев на новинарите им изјави дека не е партиски кадар и побара политиката да се држи понастрана од професиите.

Дали дежурства, „неодобрени“ од министерот, му „пресудија“ на Др Јовев!?

Неговиот адвокат изјави дека во решението за разрешување е наведена само една, и тоа како што нагласи, нелогична причина, неодобрени дежурства за два месеци од времето на минстерувањето на Беким Сали при што нагласи, дека во една уставова каква што е Кардиохирургија, незамисливо е да нема дежурства.