Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски очекува на следните парламентарни избори неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи да освојат мнозинство во новиот состав на парламентот.
Тој најавува дека нема да дозволи партијата на Али Ахмети, ДУИ која има седиште во Мала Речица да ја одлучува судбината на Македонија.
,,Никогаш повеќе нема да дозволиме иднината на Македонија да се крои во Мала Речица, затоа бараме 61 пратеник кои сигурен сум дека ќе ги освоиме на предвремените парламентарни избори”, изјави Мицкоски во интервју за Снежана Лупевска на Телма.
Целото интервју на овој линк





