НЕ, доста е и навреди за Брнз: Амбасадорката на САД ја загуби пресметката кај ,,Твитер коралот”

Недоверба, навреди и цинизам на сметка на американската амбасадорка и политика кон Македонија се реакциите за пораката кон првата дипломатка на САД во Македонија по нејзиното обраќање на Твитер.



Амбасадорката Брнз преку социјалната мрежа Твитер се обидува да ги убеди граѓаните да го прифатат францускиот предлог.

Но наместо позитивни таа добива претежно негативни реакции од твитерџиите кои се познати како сурово реални кон политичари и дипломати.

Дел од коментарите упатени кон Брнз:

Најдете си друг протекторат и тамо играјте си гости

Ваша екселенцијо, како може да ви верувам на вашите зборови кога САД ја призна Македонија под уставното име ( ден два пред гласањето за територијалната поделба ), а после баравте да си го смениме името во северна?

Како може да ви верувам кога ни збор осуда не кажавте за пиштолџиите кај мавровка? Примери вакви можам до сабалје да набројувам, македонецот веќе не сака празни зборови, затоа не верува на овие приказни, ако сакаме партнерство мора тоа да биде обострано.

Се чини дека ова писмо ќе беше соодветно ако влеземе во ЕУ. За да го прифатиме овој предлог и само да започнеме преговарачки процес, нашиот одговор треба да биде НЕ, благодарам. Ќе чекаме подобри времиња.

Бидејќи, и јас ве цитирам „А штом сте во ЕУ, ќе имате еднаков глас во Унијата, исто како што имате во НАТО“, дали ја имаме вашата целосна поддршка ако одлучиме да ставиме вето на прифаќањето на Шведска и Финска во НАТО? Без некоја посебна причина, како што пробавме?

За да има фер преговори кои нема да и наштетат на едната или на другата земја, земјите треба да преговараат на еднаква основа, внатре во ЕУ.

Некои од коментарите не се за објавување.