Иако беше најавувано за денеска, попладнево премиеротг Зоран Заев соопшти дека в недела, попладне, ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата.
„ Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата“, изјави Заев кој одложувањето го образложи со тоа што денеска, утре и во недела претпладне Макдонија е домаќин на Конституенцата на повеќе од 15 министри за финансии, гувернери, тројца потпретседатели на Светската банка и двајца потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд.
Паралелно со ова, како што истакна, се работи и на вториот бран со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.





