Премиерот Зоран Заев е оптимист дека до 15 септември ќе биде постигнат политички консензус за да биде донесен законот за Јавното обвинителство, и дека предметите што ги отвори СЈО ќе бидат обезбедени.



„Знаете дека сум оптимист по многу прашања. Се надевам на решение. Не е лесно. Тешко е, се среќавааат работните групи. Но, предметите мора да бидат осигурани. СЈО како институција мора да има иднина, државата вложила пари, странски држави – пријатели помогнале. Верувам дека решението ќе го изнајдеме заедно, во соодветниот период кога е тоа возможно. Планот „Б“ никојпат не сме го спомнале како закана и воопшто не сакаме да го спомнуваме.

Но, не дај боже да не осамне 16-ти. Сите ќе прашаме и сега, политичарите не се договорија, што правиме? Ќе мора да се најде решение зашто на први некој ќе треба да потпише таму плата на вработените.

СЈО има мандат до 15 септември“, вели премиерот.