Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба јавно упати прашање до мултинационалната корпорација „Шел“ во врска со купувањето руска нафта.



„Ми рекоа дека Шел купи руска нафта вчера без многу врева. Едно прашање до Шел: Не чувствувате ли мирис на украинска крв во руската нафта“ ? пренесе Индипендент

Министерот за надворешни работи ги повика сите свесни луѓе ширум светот да побараат од големите корпорации и мултинационални компании да ги прекинат деловните врски со Русија.

Според Блумберг, Шел купила серија руска нафта од Урал со рекорден попуст. Цената за барел изнесувала 28,45 долари.