Еден од луѓето кои повеќе од една деценија беше секојдневно присутен на медиумите и социјалните мрежи го нема со денови во јавноста.
Екс премиерот Зоран Заев не се појавил со порака или коментар во јавноста од 16 април кога објави видео од конгрес на грчката партија Сириза на Алексис Ципрас во чие време беше потпишан договорот од Преспа.
Реакциите на јавноста за Заев во Атина беа катастрофални.
Во меѓувреме Заев не само што не се појави на роденденската забава на неговата партија туку воопшто не им го честиташе ни роденденот на своите сопартијци од СДСМ.
Вчера и денеска Заев е единствениот политичар и општественик, како што му стои на профилот на Фејсбук по заминувањето од премиерската позиција, кој не го им честита големиот христијански празник на своите сограѓани.
На неговите два профили на Фејсбук кои имаат над 270 илјади следбеници и на сметката на Твитер со над 27 илјади следбеници нема никаква порака веќе 9 дена.

Негови поранешни соработници за expres.mk тврдат дека Заев е длабоко разочаран од состојбите во СДСМ каде сега се води жестока битка за превласт меѓу повеќе партиски крила.
Истите извори велат дека тој е многу погоден и од притворањето на неговиот кумашин и најблизок соработник, екс генералниот секретар на владата Мухамед Зекири кој е осомничен за корупција и криминал од речиси еден милион евра кога токму Заев беше премиер.
Од 2013 година кога Заев стана лидер на СДСМ досега не се случило речиси десет дена тој да не биде присутен во јавноста со политички пораки.






