Не бил вратен пасошот на Мијалков

Основниот суд Скопје 1 и Специјалното јавно обвинителство ги демантираат информациите дека му е вратен пасошот на Сашо Мијалков обвинет во неколку случаи на СЈО, дознава „Слободен печат“.



„… информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни“ -објаснуваат од Основниот суд Скоје 1.

Од СЈО објасниле дека од Мијалков немало поднесено ниту добиено барање за враќање на пасошот.