Десетина дена откако лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев изјави дека Македонија е веќе членка на ЕУ, нова изјава од врвот на партијата и владата во која се тврди дека земјата е зачленета во унијата.
Иако неизвесно е дали воопшто до крајот на годинава ќе започнеме со преговори кои ќе траат со години и вицепремиерот и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски тврди дека Македонија е членка на ЕУ.
Кога сите помислија дека Заев пред десетина дена направил гаф кажувајќи дека сме дел од ЕУ за време на говорот на Николовски на онлајн конгресот на СДСМ рече дека Македонија освен што е членка на НАТО членува и во унијата.
Линк до изјавата на Николовски каде што вели дека Македонија е членка на ЕУ
https://www.facebook.com/1915590235379059/posts/2823575991247141/
Врз основа на што Николовски и пред него партискиот лидер и премиер ја кажуваат и повторуваат оваа лажна вест никому не му е јасно.
Досега ниту СДСМ ниту владата не ги демантираа тврдењата на Заев и Николовски со што оставаат простор да се верува дека не се работи за гафови туку за смислена кампања која се однесува на помалку информираните граѓани кои не се добро информирани за македонските евроатлански интеграции.
За лажните вести на Заев и Николовски молчат и сервисите за проверка на факти кои ги “черечат” критични настроените медиуми кон владата и владините функционери а молчат за лажните вести на провладините медиуми и владеачките партии.

На 14 октомври Заев рече дека Македонија е членка на ЕУ
Заев со нова голема лажна вест: Македонија е членка на ЕУ? (ВИДЕО)





