Не беше породилиште туку камп на украинскиот батаљон „Азов“, вели Лавров

Лажни се наводите за руски напад врз породилиштето во украинскиот град Мариупол, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.



И шестгодишно дете загина во руски напад на болница

Тој од Анталија каде преговараше со својот ураински колега Дмитро Кулеба, денеска веќе ги информирал Обединетите нации дека во поранешната болница воопшто немало медицински персонал, туку оти објектот бил претворен во камп на ултрарадикални борци од украинскиот баталјон „Азов“.

Лавров ги нарече „манипулација“ сите објавени информации во кои се тврди дека руската армија врши воени злосторства во Украина.

На новинарско прашање дали Русија ќе нападне некоја друга земја, освен Украина, Лавров одговори „не планираме да нападнеме други земји, не ја нападнавме ниту Украина“.