НД: Има (ли) тајна дипломатија меѓу Атина и Скопје?

Василис Кикилијас, министер за одбрана „во сенка“ на Неа демократија (НД),  ја обвини владата за тајна дипломатија по објавувањето на записниците од состаноците на политичките лидери на Македонија.



Во изјава за Скај ТВ, Кикилијас рече дека НД смета дека постои тајна дипломатија меѓу владата и странците, не да го штитат националниот интерес на Грција, туку да го продолжи животот на грчката влада.

„Оваа влада ќе стори сé за да остане на власт. Жално е што грчката влада се покажа толку неука за историјата и го прифатила, како што се открива, името Илинден што претставува камен-темелникна ириентизмот на нашиот сосед“, рекол министерот на НД, како што пренесе АНА-МПА.