Во врска со изјавата од Трифун Костовски, реакција од Народната Банка од каде ги негираат наводите на доминантниот сопственик кој тврди дека НБРМ може да ја спаси банката.
“Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.
Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка.
Како што веќе имаме истакнато, при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните”, стои во реакцијата на кабинетот на гувернерката
на народната банка.
Предходно сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, побара Народната банка да ја повлече одлуката за стечај и за тоа бара поддршка од сите политички партии, владини, невладини и верски институции за да се врати Еуростандард во првобитната положба со тоа што Народната банка на Република Македонија ќе ја повлече одлуката за стечај.
Трифун Костовски нашол купувач за Еуростандард банка, бара повлекување на стечајот





