Од Народната банка денеска со став дека растот на цените на енергенсите на свеските берзи и на центата на струјата сепак ќе предизвикаат раст на стапката на инфлација во земјава.
„Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација.“ – вели Анита Ангеловска-Бежоска, Гувернерка на НБ.
Од македонската Влада пак, уверуваат дека ситуацијата се следи и нема простор за загриженост. Цената на струјата за домаќинствата до Нова година останува иста.
„Состојбата се следи и до крајот на годината не се очекува енормно зголемување на цените, а инфлацијата се очекува да остане во зоната на ниска инфлација. Напоменуваме дека додека трае изборниот период Владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од Буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите.“ – велат од Владата.





