Народната банка веќе ги направила потребните измени за да може Македонија рускиот природен гас да го плаќа во рубљи, а Гувернерката вели дека во овој момент нема никакви пречки за добавувачите да го прават тоа.



Вчерашната одлука на Русија да ја запре испораката на гас за Полска и Бугарија ги загрижи сите земји од регионот. Цевководот кој минува на бугарска територија освен Македонија со гас ја снабдува и Србија. Властите и во двете земји не очекуваат проблеми иако македонскиот министер Бектеши вчера рече дека ситуацијата е комплексна а Македонија има и други алтернативи за гасот, без при тоа да прецизира колку ќе не чини тоа, пишува Сител

Германија и Австраија кои се најголемите потрошувачи на гас во Европа потврдија дека преговараат за купување на овој енергенс во рубљи.

Британски фајненшл Тајмс објави дека и Словачка исто така се договорила преку Газпром банк во Швајцарија да отвори сметки во рубљи и на тој начин да го исполнат барањето на Русија, чекор кој веќе го презема Унгарија.