Навреди ли Заев “варварски региони” во Азија, Африка, двете Америки и Австралија?

Премиерот Заев со нова непромислена изјава во која фалејќи ја индиректно Европа како цивилизирана индиректно навреди други светски континенти и региони кои може да се варварски.



“Ние освоивме шампионска титула во Европа, не во некој варварски регион и затоа сите треба да се однесуваме европски”, рече премиерот Зоран Заев за време на посетата на Брисел, осврнувајќи се на скандирањата на плоштадот во Скопје на прославата со ракометарите на РК „Вардар“ кои вторпат ја освоија титулата европски првак.

Имав прилика да го примам РК „Вардар“. Беа сите ракометари, тренерот и ветија дека ќе дадат право сите да се радуваат за европската титула, рече Заев и додаде дека сите треба да се однесуваме европски, затоа што тоа е обврска на граѓаните, а ние сме пример за европски манири.

Кои се варварските континенти и региони каде што не важат европските манири, премиерот не кажа.