Ако тројцата дипломати – шефовите на дипломатиите на Австрија, Словачка и Чешка, кои денеска се во посета на земјава, дошле за да разговараат само за уставните измени, тогаш тоа е навреда“ вели прв иот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Шаленберг: Или уставни измени или…
Порака со охрабрување за усвојување на потребните уставни измени за продолжување на европскиот пат на земјава упатија министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и на Словачка, Александар Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски на заедничката прес-конференција во Скопје со нивниот домаќин, Бујар Османи.
„Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени, тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин на Македонија бидејќи на сите анкети граѓаните во Македонија уставните измени не ги ставаат ниту во првите десет приоритети“, рече Мицкоски а пренесува Макфакс
Мицкоски рече дека доколку го почитуваат овој народ и сакаат европска иднина на Македонија, тогаш ќе посветат повеќе внимание на криминалот и корупцијата, отсуството на реформи, катастрофата во образовниот систем, во здравството, лошата состојба на земјоделците, иселувањето на младите итн.
Мицкоски порача дека е подготвен да разговара со секого за да подобрување на состојбите во државата.







