Дали е на повидок уште еден огромен безбедносен скандал во Агенцијата за разузнавање, прашува денеска членот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.
Тој поставува низа прашања за ситуации во Агенцијата за Разузнавање која е под контрола на претседателот Пендаровски и новиот директор Еролд Муслиу кој беше назначен од него.
Прашањата што Ѓорѓиевски ги упатува до институциите
▶️Зошто директорот Муслиу упорно сака да го прикрие обидот за изнесување на оперативна техника на АР за приватни и партиски потреби?
▶️Дали е вистина дека вработениот С.Х. на 20.06 2019 година е фатен од страна на обезбедувањето на капијата за излез со оперативна техника за агентурно работење и следење таргети?
▶️Дали после само 4 дена откако е жив фатен и за што се изготвени белешки и записници лицето С.Х. наместо да се соочи со дисциплинска одговорност е директно унапредено од страна на директорот Еролд Муслиу во прв човек на директоратот за безбедност на АР?
▶️Зошто и со која цел лицето С.Х. сакало без знаење на своите претпоставени да изнесе надвор од АР опрема за следење на лица?
▶️Зошто веднаш по неговото унапредување со себе ги прераспоредил уште најмалку две лица кои после овој трансфер се забележани на партиски активности на лидерот на најголемата опозициска партија?
▶️По чиј налог овие лица службено присуствувале летово на настани на кои бил присутен лидерот на опозцијата?
▶️Дали директорот Муслиу ќе постапи по пријавата за дисциплинска одговорност на С.Х. наместо да испрашува вработени како дознале за обидот за изнесување на опрема надвор од АР?






