Драгомир Андонов, навивач на Левски прободен со нож во нападот врз два автомобила со бугарски таблички во скопски Чаир минатиот четврток пред натпреварот со Шкупи од Лигата на конференециите на УЕФА, денеска е префрлен со хеликоптер МИ-8 во Военомедицинската академија во Софија.
Состојбата му е стабилна, без опасност за животот, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија. Тој е на интензивна нега, каде што ќе биде под постојан надзор.
„Сега сум мирна, тој е во најдобрите лекарски раце“, изјавила мајката на Драгомир за бугарската телевизија Нова.
Полицијата во Македонија и понатаму трага по напаѓачот врз 29-годишниот фудбалски фан, чиј идентитет е познат, но не и локацијата на која се наоѓа.
Реваншот меѓу Левски и Шкупи од второто квалификациско коло во Лигата мна конференциите ќе се одигра од 19 часот на стадионот „Георги Аспарухов“ во Софија, а бугарскиот тим во него влегува со предност од 2:0 од првиот меч на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.






