Навивачите „Балисти“ од Тетово го симнаа црковното знаме од јарболот на „Свети Наум“ на Шапка, го фрлија и развиорија албанско знаме!

Две маскирани лица го симнале знамето на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија од јарболот пред храмот ‘Свети Наум Охридски Чудотворец’ на Попова Шапка, по што е поставено знаме на Албанија.“ – објави тетовскиот информативен портал на македонски јазик „Тетово инфо“ во својата информација со наслов „Сквернавење на имотот на црквата на Попова Шапка – фрлено црковното знаме, поставено албанско“.

„Тетово инфо“ пишува: Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентиран преку камери за видео-надѕор. „Околу 18 часот вечерва, на 28 ноември 2023 година свештеникот пријавил дека непознато лице го симнало црковното знаме од јарболот на црквата и оти е поставено знаме на Албанија. СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот.“ – информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Вториот тетовски информативен портал, но на албански јазик „Тетова сот“ јасно информира кои се тие „непознати лица“, што го предизвикаа денешниот инцидент на Попова Шапка. Во својата вест со наслов „Балистите го развеаја албанското знаме на Кодра е диелит“, Тетова сот пишува: Во чест на 28 ноември, Денот на албанското знаме денес на Кодра е диелит (албански топоним за отстранетиот изворен македонски топоним Попова Шапка) навивачите на Шкендија Балисти го кренаа албанското знаме.

Тие го поставија албанското знаме покрај македонското знаме и наспроти крстот, поради кој се крена голема врева деновиве во Тетово.