На аеродромот во Загреб пристигнаа првите навивачи на „Динамо“ (Bad Blue Boys) осомничени за учество во крвавите августовски хулигански нереди во Атина, каде беше убиен еден навивач на АЕК, јавува N1.



Тие беа ослободени откако судот ги прифати нивните барања за укинување на притворот каде што поминаа четири месеци.

Атина: Загина навивач на АЕК во тепачка со навивачи на Динамо од Загреб

Иако беше најавено дека ќе бидат испратени специјални авиони за нивно преземање, засега осомничените од првата група кои беа ослободени сами патуваат за Загреб.

Пред да заминат од Грција, морале да платат кауција, во износ од 1.000 до 2.500 евра.

Мораа исто тѕакак да ветат дека нема да се кријат и дека ќе одговорат на повиците од грчките власти во продолжението на процесот.

Покрај тоа, им беше забрането и да присуствуваат на спортски натпревари во Грција.