Фановите, на босанскиот клуб „Вележ“ од Мостар, ветиле дека ќе се потсрижат „на нула“ доколку нивниот клуб успее да го победи големиот фаворит , грчкиот тим АЕК.
И тоа се случи: Вележ успеа да направи сензација и да го елиминира големиот фаворит, грчкиот АЕК во второто коло од Конференциската лига на УЕФА. Вележ имаше предност од 2-1 од првиот меч, несреќно прими гол во последните мигови од вториот дуел во Атина, потоа се играа и продолженија, а на крајот мостарскиот тим победи на пенали.
Тренерот Феда Дудиќ и фудбалерите пред мечот ветија дека ќе се потстрижат ќелави ако успеат да направат ваков подвиг. Шефот седна на клупа и веднаш беше ишишан.






