Активист на СДСМ од Гевгелија кој на својата насловна фотографија на Фејсбук го има екс премиерот Зоран Заев со погрдни и навредливи зборови на хомосексуална основа го напаѓа лидерот на Синдикатот на образованието СОНК Јаким Неделков.
,,Јаким пед..че, ти со 1200 плата, те плаќаат сите вработени. Партал си”, пишува членот на СДСМ во објавата која е јасен говор на омраза и можна закана за лидерот на синдикатот.
Предходно во слични ситуации МВР веднаш реагираше и покренуваше процеси за луѓе кои се закануваа или наведуваа но нејасно е дали истиот аршин ќе важи и за членот на СДСМ кој го напаѓа лидерот на СОНК.
Предходно активисти и ботови на СДСМ на социјалните мрежи остро го нападнаа Неделков тврдејќи дека тој сака да ја урне владата на Ковачевски.
Во својот напад врз Боки 13 по избувнување на аферата Рекет и екс премиерот Заев го користеше истиот вокабулар нарекувајќи во ,,обичен пе..р”.







