Тимот на рускиот опозиционер Алексеј Навални кој наводно беше отруен со чај на аеродром пред да полета за Москва, објави видео за тоа како тој бил отруен.
На Инстаграм, тимот на Навални тврди дека најголемиот критичар на Путин бил отруен од шише вода во хотелската соба во Томск, каде што престојувал пред летот на кој се разболел.
Пред тоа, се сметаше дека Навални е отруен на аеродромот со чај што го испил непосредно пред летот.






