Рускиот опозиционер Алексеј Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека стои зад неговото труење, пишува германскиот весник Шпигел.
„Тврдам дека Путин стои зад тоа, не гледам друго објаснување“, изјави Навални во интервју за германскиот неделник „Шпигел“.
Навални вели оти сега му е должност „да остане таков каков што е, некој кој не се плаши“.
„А јас не се плашам“, порача тој. Според „Шпигел“, Навални во интервјуто, кое денеска е објавено во целост, вели дека нема намера да се врати во Русија откако ќе се опорави.
Тој се наоѓа во Берлин на рехабилитација, по хоспитализацијата поради труење со агенсот „новичок“. ДВ






