Наумовски: Граѓаните се жртви на лажните ветувања, власта многу пати најавуваше дека само што не сме ги почнале преговорите за ЕУ

„Изминатите повеќе од две години сведоци сме кога проширувањето паѓа се подолу на агендата на ЕУ и сите овие настани не водат до суштината на овој процес. Нашите граѓани се жртви на лажните ветувања, во изминатите години власта најавуваше дека само што не сме ги започнале преговорите“ – вели за Алфа поранешниот вицепремиер за европски прашања професор Васко Наумовски.
Според него проблемот е во тоа што ЕУ која не може да најде одговор кога една членка блокира кандидат за членство, и сите тие билатерални спорови, не би требало да бидат дел од процесот на проширување, процесот треба да се заснова на критериумите за членство од Копенхаген.
„Сите овие прашања со Бугарија не се дел од процесот за членство, и доколку Бугарија има некакви забелешки тоа би требало да го направи додека трае процесот на преговори, при отворањето и затворањето на поглавјата. Нашата влада обидувајќи се да изгради една приказна дека таа го има монополот на европската агенда во државата се обиде да создаде перцепција дека само со оваа влада може да се оди напред, а ние не само што стагнираме на патот кон еу туку исполнување на критериумите. Нам не ни треба почеток на преговори за да имаме реформи во судството, борба со корупцијата, но гледаме дека определени назадувања“ – додава професор Наумовски.
„Она што го видовме на последниот самит дека дури 2030 година е пречка за некои држави да формулираат датум за Западен Балкан. Некои членки сметаат дека Балканот не би бил дел од ЕУ ниту до 2030 година“ – посочува тој.