„Изградба на нова детска градинка во Ново Село е уште еден реален проект предвиден во програмата Најдоброто за мојата општина.
На месноста викана Блага Вода кај Ново Село и Стопански двор градиме градинка кој ќе згрижува 150 деца.
Проектот е веќе прифатен од министерството за труд и социјална политика.
Се предвидува изведба на 10 занимални, кујна, пристапни патеки, современ енергетски ефикасен објект, со еколошки систем на загревање“ – изјави актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски.
„Покажавме дека нашите ветувања се реализирани проекти .
За само година и половина изградивме комплетно нова градинка во Волково и три занимални во Детелинка за 90 деца. Досега имаме нови капацитети за околу 300 дечиња.
Со овие капитални проекти, Ѓорче Петров за прв пат добива градинки во рурланиот дел.
Посветено работиме секое дете да биде згрижено“ – додава Наумоски.





