Здраво Билјана.
Цела недела од писмото мина, абер нема!
Не секогаш е само до ресурсите, како што се жалиш на ТВ, бидејќи и ТИ си ресурс. За борба или за декор и поддршка на корупцијата, сама го трасираш патот!
Н.
Ова е пораката која преку Фејсбук ја испраќа Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ до претседателката на Државната комисија за борба против корупција Билјана Ивановска.
Стоилковски на Ивановска и посочува дека цела недела чека одговор на отвореното писмо до неа во кое бара антикорупциска истрага за Темелко Ристовски кој во извештај до министерството за одбрана признава дека бил плаќан со државни пари за партиска пропаганда во корист на СДСМ.
Тој што го прочитал извештајот на Ристовски за една минута ќе разбере дека се крши законот со примање/давање пари од министерство за одбрана за водење политичка кампања на СДСМ.
На Ивановска засега и се малку седум дена да одговори на јасниот случај на злоупотреба на државни ресурси за партиски цели.
Линк до оригиналниот напис и отвореното писмо на Стоилковски до Ивановска.






