Натпартиските простести кои синоќа се одржаа во 11 градови од денес прераснуваат во блокади во главниот град.
ВМРО-ДПМНЕ вчера му постави ултиматум на премиерот Зоран Заев до вечерта да одговори какви тајни преговори се воделе викендов во Софија, а во спротивно најави блокади на Скопје.
„ Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина, не само што не се решение туку напротив самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на ЕУ. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев и денеска наместо решение истото тоа претставува проблем.
Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во рамките на ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историјата. Само политички аматер може во една таква подредена состојба да ја донесе сопствената држава, сопствениот народ и сопствената нација“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Натпартиските простести кои синоќа се одржаа во 11 градови од денес прераснуваат во блокади во главниот град.
Протестната поворка ќе се движи од МНР до Владата од 12.30 до 14 часот.
Синоќа се протестираше во Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар и се бараше оставка од премиерот Зоран Заев.





