
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја предупреди Русија на „последиците“ и „цената што ќе ја плати ако употреби сила против Украина“ со силите подготвени за борба испратени до границите на земјата, пренесува Ројтерс.
Многу сме загрижени за тоа што се случува. По втор пат оваа година Русија концентрираше тешка опрема, тенкови и војници подготвени да се бори на границите на Украина. Нејзината реторика е агресивна, а нејзините намери се нејасни, рече Столтенберг.
Тој додаде дека Русија ја нападнала Украина во минатото со анексијата на Крим и поддршката на сепаратистите во Донбас.
Мора да биде јасно дека ако Русија употреби сила против Украина, тоа ќе има последици и ќе плати за тоа. Затоа ние продолжуваме да ја повикуваме Русија да избегнува ескалација. Ситуацијата во Украина ќе биде една од главните теми на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига, Латвија, во вторник и среда.“, предупреди тој.




